1. Локални дигитални Термохигрометри
Локалните термо-хигрометри ја мерат и прецизно ја прикажуваат температурата и влажноста на позицијата каде се поставени. Од нив лесно може да се отчитаат овие параметри без да се притиска ништо дополнително. За најдобри резултати се постават во просторијата на висина од 120cm
Постојат и локални термо-хигрометри со дополнителни опции како аларм доколку температурата премине некоја граница, или точка на роса.
2. Безжичнни Термохигрометри
Безжичните мерачи на температура и влажност се поставуваат на повеќе посебни простории во еден објект (или повеќе мерачи доколку просторијата е поголема) и се врзуваат на една или повеќе централи при што ги пренесуваат измерените податоци. Од централата се мониторираат сите податоци директно од самата централа, од компјутер врзан на таа централа или преку мобилна апликација.
3. Преносни Термохигрометри
Преносните термохигрометри се инструменти кои ги носите со Вас и ги користите за проверка на температурата и влагата во одредена просторија. Постојат софистицирани камери (Scan Temp) кои симултано мерат точка на роса и температура на површината што Ви дава можност да ја одбегнете кондензацијата и мувлата по ѕидовите.
Посебни се мерачите за
- Mерење на влага во градежни материјали, плочи, подови, плафони, ѕидови (HumidCheck)
- Дрво (HumidCheck Pro Wood)
- Канали за централна климатицација и вентилација (P700 серијата)
- Термовизиски детектори на мувла по зидови (Mold Detectors)