fbpx

Мерење на влажност во простории. Луксуз или потреба ?

Какво влијание има влажноста врз просториите?

Најмалку две третини од нашиот живот го поминуваме во затворено, дома, на работа или на кое било друго затворено место, без разлика дали се чувствуваме добро и удобно. Поради тоа особено треба да обрнеме внимание на внатрешната клима, односно на температурата и влажноста во просториите.

Двата фактори кои влијаат не само на здравјето и благосостојбата на луѓето, туку и зачувувањето и структурата на градбата, вклучувајќи го мебелот и покуќнината. Секогаш внимавајте на вредноста на влажноста во домот.

Превисока влажност :

  • Стимулира развој и ширење на мувла, габи, бактерии и вируси
  • Дополнителни проблеми на болни од астма и осетливи на алергии
  • Оштетувања од кондензација на прозори, ѕидови и врати

Ниска влажност :

  • Можно е влошување на симптомите на астма и алергии
  • Полесно ширење на вирусите на грип и синусни инфекции
  • Сува кожа, испукана уста и суви дишни патишта
  • Сувиот воздух допринесува да се чувствувате ладно иако имате загреана просторија
  • Оштетувања на дрвен мебел, врати и прозорци

Која е идеална влажност во домот ?

Релативна влажност од 35% до 50% и собна температура од 18 – 23 ° C се сметаат за идеални. Чувството на топлина варира кај поединци и зависи од облеката која ја носат, активноста која ја обавуваат, како и од температурата на површината на ѕидовите. Колку е пониска температурата на ѕидовите, толку повисока амбиентална температура е потребна за да добиете чувство на пријатност во собата. Од тука, подобрата надворешна изолација на зградата, не само што намалува загуби на енергија, туку ја зголемува и температурата на ѕидовите, а со тоа и да ја подобрува удобноста во домот.

Совети за подобрување на температурата и влажноста:

  • Отворајте ги прозорците целосно за кратко време и проветрете. Навалување на прозорците е неефикасно, троши енергија за греење/ладење, па дури може и да го стимулира растот на мувла.
  • Истовремено отворете повеќе прозори или надворешна врата ако сте во куќа (вкрстена вентилација)
  • Проветрете при секакви временски услови, дури и кога врне дожд. Надворешниот ладен воздуж има помала влажност од загреан воздух во затворен простор (Внимавајте на загаденоста ! )
  • Колку е поголема температурната разлика, толку пократко проветрувајте
  • Вентилирајте ги бањите и кујните веднаш по туширање и готвење. Правете го тоа директно нанадвор (преку прозор и вентилатор), наместо да ги отворате внатрешните врати
  • Никогаш не го исклучувајте централното греење целосно кога не сте присутни. Одржувањето на пониска просечна температура е поекономично и дополнително се избегнува распрснување на цевките од замрзнување.

Што ја зголемува влажноста во внатрешниот простор ?

Туширање, готвење и сушење облека. Луѓето со овие активности постојано ослободуваат водена пареа во воздухот. Домаќинство од 3 лица дневно ослободува од 6 до 12 литри вода. Притоа присутвото на водената пареа во воздухот во просторот постојано се зголемува. Имајќи го ова во предвид, важно е да се избере вистинската мерка за регулирање на нивото на температура и влажност во воздухот. Со помош на термо-хигрометар, можете да внимавате на овие вредности.

Доколку се соочувате со проблем на премногу сув воздух, некои едноставни мерки како саксиско цвеќе и билки се добри решенија. Или пак внатрешните фонтани се начин на зголемување на влажноста во просторијата. Ги советуваме сопствениците на поголеми аквариуми посебно да посветат внимание на контролата на влажноста во просторијата.

Друг начин за зголемување на влажноста во просторијата е поставување на сад со вода на радијатор за парно или влажен пешкир. Секако ова избегнете го ако веќе имате влага над 60%.

Најпрофесионално решение за зголемување на влажност е овлажнувач. Постојат различни производители и модели на овлажнувачки.

Како можете да ја намалите влажноста во воздухот ?

Доколку приметите дека вреднота на влагата надминува 60% и покрај превземените мерки можете да ги примените следниве трикови :

  • Поставете повеќе скриени отворени садови со сол или ориз низ куќата
  • Сушете ги алиштата надвор или во сушара
  • Намалете го бројот на внатрешни цвекиња или распоредете ги во различни простории
  • Најпрофесионален начин е користење на одвлажнувач

Редовно мерете ја влажноста во просторот во кој престојувате со Вашите најблиски. Користете мерачи со поголема точност. Термометри МК може да Ви понуди мерачи од врвниот Германски производител Dostmann за професионална и домашна употреба.

За идеална контрола на Вашиот квалитет на воздух во просторот, Ви ги препорачуваме и мерачите за C02 (јаглерод диоксид)