fbpx

Проветрувајте по потреба – Проценете со помош на CO2 мерачите на PCE-Instruments

Вентилација во согласност со германската регулатива за индустриска безбедност SARS-CoV-2 во зима 2020/2021 година

Доволно проветрување и усогласеност со хигиенските стандарди помагаат да се контролира ширењето на заразните болести. Регулативата за индустриска безбедност SARS-CoV-2 од 20 август 2020 година експлицитно посочува дека зголемената вентилација и проветрување може ефикасно да ја намали концентрацијата на вируси во воздухот во затворените простории. Од германските технички правила за работни места ASR A3.6. како водечка вредност, што треба да се намали доколку е можно, се упатува на вредноста од 1.000 ppm CO2

Ризик од инфекција во затворен простор

Имајќи го фактот дека во текот на зимскиот период многу време се поминува во затворен простор со потенцијално вирусно-контаминирани аеросоли во воздухот кој го дишеме, неспорно е дека ризикот од ширење на инфекции во зима е многу зголемен.

Германскиот институт Роберт Кох пишува во своите истражувања за новиот коронавирус SARS-CoV-2 (заклучно со 13 ноември 2020 година) точка 2, за неговите начини на трансмисија дека :

Долготрајниот престој во слабо проветрени простории ја зголемува веројатноста за заразување со вдишување на контаминирани аеросоли со вируси.

Дури и луѓето кои не се свесни за нивната инфекција и немаат препознатливи симптоми можат да ослободат вируси во воздухот при дишење, зборување или пеење. Студиите на случај од хорски проби, црковните служби и работата во месната индустрија покажаа дека инфекциите се можни во затворени простории без доволна размена на воздух, дури и ако се одржуваат препорачаните растојанија меѓу присутните во просторијата.

Присуството на јаглерод диоксид (CO2) во воздухот како мерка за загадување во затоврените простории

Концентрацијиите на вируси и други штетни честички во затворен простор можат да биде значително намалени со адекватна вентилација. Сепак тоа не значи дека прозорците мора да бидат постојано отворени и дека температурата во затворените простории мора да биде еднаква со надворешната.

Фреквентноста и траењето на проветрувањето и вентилацијата може да биде приспособено и контролирано со помош на соодветни мерни инструменти.

Присуството на јаглерод диоксид (CO2) во воздухот е добар индикатор за потенцијалното количеството на контаминација во воздухот во затворените простории.

Во двата стандарди ASR A3.6 и EN 13779 за рачно контролирана вентилација/проветрување, јаглерод диоксидот (CO2) е посочен како водечки параметар за контрола на квалитетот на воздухот.

  • CO2 под 1.000 ppm се смета за хигиенски безопасен,
  • CO2 помеѓу 1.000 и 2.000 ppm се препорачува проветрување/вентилација,
  • CO2 над 2.000 ppm проветрување/вентилација е неопходна



LARGE-монитори за CO2 наменети за трговски центри, супермаркети, болници, банки, угостителски објекти

Поставување на големи монитори на видно место во затворени простории со голема концентрација на луѓе како што се трговските центри, супермаркетите, болниците, банките, угостителските објекти и слично, би ја потврдила соодветната вентилација во нив. Тоа би ја зголемила сигурноста на купувачите/клиентите и би ја зголемила посетеноста

Dostmann Electronics GmbH – 5020-0109 = 59.000 + ДДВ (18%)

Димензии : 57.7 x 5.4 x 42.2 cm (Ширина x Длабочина х Висина)

Цена на Large монитор за CO2 (5020-0109) = 59.000 + ДДВ (18%)

Промотивна Цена : 45.000 + ДДВ