Безжично мониторирање на температура, влажност, диференцијален притисок и светлина со помош на Lo.Ra (Long-Range протокол)
DeepWave е комплетно решение за мониторирање на простории, магацини, фрижидери, ладни комори, ултра ладни замрзнувачи во реално време. Целиот систем се состои од :
- Радио даталогери (LoRа јазли) на кои се врзуваат СМАРТ сензори. Истите безжично се врзуваат со приемникот (Lora Gateway HELIOS). Имаат многу голем домет (од 3km до 10km, тестирано на отворен простор) преку иновативниот Lo.Ra. (Long Range) протокол. Достапни се во повеќе верзии во зависност од потребите.
- СМАРТ сензори кој можат да бидат за температура од (-80) степени до (+200), сензори за амбиентална температура и влажност, сензори за диференцијален притисок и светлина.
- Приемник (LoRa Gateway HELIOS) кој безжично ги собира измерените податоци од даталогерите, ги сортира, праќа e-mail или SMS алармни пораки кај корисникот доколку е потребно
- Софтвер TSLog 21 кој се инсталира на компјутер и ги обработува податоците, креира извештаи, прaви МКТ пресметки, ги мапира сензорите и ја прегледува историјата на измерени податоци.


Наменет е за валидирање на системи во
- Фармација
- Козметика
- Здравствени установи
- Одгледување на растенија под строго утврдени амбиентални услови, како одгледување на медицински канабис.
DeepWave системот е скалабилен и дозволува проширување на мрежата кога сакате и колку сакате. Радио даталогерите користат СМАРТ сензори кои имаат свој сертификат за калибрација.
Начинот на рекалибрација на СМАРТ сензорите е многу брз и едноставен. Пред да Ви истече калибрациониот сертификат од 1 година, Ви испорачуваме нови калибрирани сензори. Старите сензори ги исклучувате и веднаш ги поврзувате новите сензори, при што не губите време за рекалибрација на постоечките сензори за праќање во лабораторија (4-7 дена).