PCE-2000N – Мерачот на цврстина на метални материјали го користи Либовиот метод на одбивање (Leeb rebound hardness test). Ова е динамичен метод на испитување на цврстина во кој стандардизиран тест примерок, најчесто цврста метална топка, е засилен со точно одредена енергија на удар врз површината која се испитува. Ударот на цврстата метална топка врз површината која се тестира резултира во пластична деформација на површината на местото на ударот. Оваа деформација резултира со загуба на енергија, што е пропорционално со цврстина на испитното парче и може да се утврди преку односот на одбивањето и брзината на ударот над примерокот за тестирање.
Оваа технологија овозможува компактен дизајн. За разлика од методите за статичко испитување со машини за тестирање на цврстина, преносниот дурометар е многу флексибилен при инспекција во производство и генерално во сите области каде цврстината има влијание врз параметрите за квалитет.
Може да се користи за мерење на шест различни скали на цврстина (HL, HV, HRA, HRC, HB, HV, HS), како и десет различни материјали.
Стандардниот пакет на дурометарот PCE-2000N се испорачува со импактор Тип D, но постојат и опционални дополнителни импактори (DC, DL, C, D 15, E, G) можат да бидат поврзани за поконкретни апликации и можат посебно да се нарачаат.
Податоците можат да се зачуваат директно на USB, што дополнително ја проширува флексибилноста
Со високо читлив OLED дисплеј, долгото stand-by време, куферче погодно за чување и транспорт и навигационо мени кое се заснова на симболи, ракувањето со мобилниот дурометар е посебно лесен за користење од страна на сите корисници.
Мерен опсег (Во зависност од изберената скала) | 170 … 960 HLD 17.9 … 69.5 HRC 19 … 683 HB 80 … 1042 HV 30.6 … 102.6 HS 59.1 … 88 HRA 13.5. .. 101.7 HRB |
Вклучен импактор | D |
(Опции на импактори) | (DC, D + 15, C, G, DL) |
Должина на кабел | 1.5 m |
Точност | ± 0.5% (@ 800 HLD) |
Повторливост | 0.8% (@ 800 HLD) |
Мерни скали | HL (Leeb) HV (Vickers) HB (Brinell) HS (Shore) HRA (Rockwell A) HRB (Rockwell B) HRC (Rockwell C) |
Материјали | Steel Cast steel Alloy steel Stainless steel Gray cast iron Ductile iron Cast aluminum alloy Cu-zinc (brass) Copper-tin alloy Copper |
Резолуција на дисплеј | 128 x 64 pixel OLED |
Излез на податоци | USB stick |
Напојување | 3 x AAA батерии |
Автоматско исклучување | По 12 минути |
Услови за користење | +10 … +50 ° C, 20 … 90% RH |
Температура на чување | -30 … +60 ° C |
Димензии | 160 x 80 x 40 mm (H x W x D) |
Маса | Инструмент со батерии : 300 g Импактор : 75 g |