Брендови за кои сме официјални застапници за Македонија :


Германскиот бренд Dostmann Electronic GmbH е специјализиран за преносни инструменти (со даталогер функции) и стационарни мерачи за мерење на температура, влажност, проток на воздух и флуиди, атмосферски притисок, pH, кондуктивност, REDOX, CO2, кислород и многу повеќе

Во својата програма има производи неменети за професионална употреба во производствена индустрија, лаборатории, даталогери за еднократна употреба при транспорт на сензитивна роба, микроклиматски услови, како уреди домашна употреба


Британскиот бренд Crowcon е кој постои веќе 50 години е еден од пионирите за детекција на запаливи и токсични гасови. Во својата програма имаат преносни детектори за лична заштита, како и комплетни стационарни системи за детекција на гасови.

Италјанскиот бренд Tecnosoft е специјализиран во полето даталогери за специјални намени, како и централни професионални системи за мониторинг на одредени параметри како температура, влажност, светлина, атмосферски и диференцијален притисок, ротација и вакуум


Со постојан развој на своите производи тие се број 1 на светскиот пазар. Последен продукт кој ќе се пушти во употреба е фиксен детектор чиј сензор ги детектира сите запаливи гасови (без исклучоци), кој нема потреба од редовна проверка и калибрација, не може да се загади (за разлика од традиционалните сензори за детекција).



PCE-Instruments е дел од PCE Holding GmbH Germany и се фокусирани кон развој, производство и продажба на мерни инструменти, опрема за лабораториско тестирање, контролна технологија и опрема за мерење за комерцијални и индустриски клиенти.

PCE-Instruments со својата програма на иновативни мерни инструменти за сите мерни величини изгради силни односи со универзитетите и истражувачките институти во Германија. PCE Instruments специјализира во високо квалитетни производи од областа на превентивно одржување, но обезбедува многу поширок спектар на производи со цел да ги исполни сите барања на клиентите.


Компанија основана во 1946 година, со седиште во Германија. Kobold е еден од лидерите во производството на опрема за следење, контрола и регулирање на индустриските процеси. Специјализирани се за мерење на следниве параметри на флуиди :

  • Проток
  • Притисок
  • Ниво
  • Температура
  • ORP и pH
  • Спроводливост
  • Влажност
  • Заматување
  • Вискозитет


Основана е во 1949 година, со над 70 години искуство, Habonim е посветена на инженеринг, производство и снабдување на супериорни производи и обезбедување на одлична лична услуга на клиентите. Квалитет, иновација, сигурност и безбедност на сите производи е нивен приоритет

Ги обезбедува најдобрите професионални решенија за најсложените индустрии, вклучувајќи пренос на нафта и гас, хемиски, петрохемиски, фармацевтски и рударски индустрии.

Покрај стандардните топчести вентили во својата понуда имаат:

  • Криогени вентили
  • Вентили за работа под висок притисок
  • Вентили за работа на високи температури (со метално седиште)
  • Контролни вентили
  • Санитарни вентили
  • Индустриски вентили
  • Вентили за специјална намена
  • Пневматски актуатори COMPACT