Crowcon – Детектори за гасови

CROWCONDetecting Gas Saving Lives “50 Години иновација, не имитација”

Преносни детектори за гас

Croncon преносните детектори за гас штитат од широк спектар на гасови во индустриско опкружување и други околини кадe има опасност од ширање на некаков штетен гас или недостиг на кислород. Со своите персонални монитори за детекција на еден гас или со модуларните мулти-гас персонални мониторинг детектори на повеќе гасови истовремено, Crowcon претставува лидер и иноватор на светскиот пазар.

Од широкиот спектар на големини и комплексност, изберете го вистинското решение во зависност од бројот и типот на сензорите за детекција на гасови кои Ви се потребни и во зависност од барањата за прикажување, алармирање и сертификати.



Фиксни детектори за гас

Crowcon нуди флексибилен асортиман на производи кои можат да измерат запаливи, токсични и кислородни гасови, да го пријават нивното присуство и да активираат аларми и придружна опрема. Користејќи различни технологии за мерење, заштита и комуникација нашите фиксни детектори се докажани во многу тешки услови, што вклучува истражување, транспорт, складирање и употреба на нафта и гас, третман на вода, хемиски фабрики, заварувачки постројки и слично.

Тие се користат во многу други апликации каде се вреднува доверливоста и сигурноста на детекција при истекување, испарување или недостиг, а лажните аларми и детекции се недозволиви.

Примери за тоа се автомобилската, хемиската и рударската инсдустрија, научни и истражувачки капацитети, како и во медицински, прерабодувачки и други производствени капацитети каде се користат и складираат гасови или се генерираат при производствениот процес.




Контролни панели

Во комбинација со најразлични типови на детектори, нашите контролни панели нудат флексибилен опсег на решенија кои можат да мерат запаливи, токсични и кислородни гасови, да го пријават присуството и да активираат аларми или придружна опрема.

Фиксните системи за мониторирање и детекција на гасови Crowcon се дизајнирани да бидат меѓусебно поврзани со повикувачки точки, детектори за пожар и гас и дистрибуирани системи за контрола (DCS). Покрај тоа, секој систем може да биде дизајниран да управува со далечински разгласи и визуелни известувања.