Централен систем за безжично мониторирање на температура и влажност
Интелигентни сензори – Нови калибрирани сензори со сертификат Ви се испорачуваат пред да Ви истече важноста на старите. Новите сензори ги врзувате, при што системот автоматски ги препознава, додека старите сензори ги враќате кај нас. Со тоа го сведувате стандардното време за калибрација од неколку денови на неколку секунди.
Едноставна инсталација на целиот систем без пуштење на кабли, бушење и други градежни процеси.
Нотификација на e-mail или SMS за зголемена температура или влажност во критични точки како фрижидери и магацини за лекови, храна и слично
Сертификати (ISO) за калибрација на сензори за температура од (-80˚C) до (+200˚C), како и сензори за влажност (30%, 50%, 70%)
Анализа на измерените податоци,
Табеларен и графички приказ на податоците,
Можност за едноставен backup на податоците,
Автоматско исцртување на графици,
Експортирање во MS-Excel,
Автоматска пресметка на МКТ